Фудбалерите на Рома вечерва доживеаа вистински дебакл во натпреварот против Фиорентина во кој беа поразени со 5:1.
Катастрофата за избраниците на Иван Јуриќ започна по 17 минути игра кога Мoисе Кин го отвори резултатот. Веќе во 17. минута Белтран зголеми на 2:0. Гол на надеж за Рома постигна Коне во 39. минута, но само две минути подоцн Кин со својот втор гол обезбеди водство од 3:1 на паузата за „виолетовите“.
Во вториот дел Фиорентина продолжи да биде подобар противник на теренот и Бове зголеми на 4:1. Конечните 5-1 беа поставени со автоголот на Матс Хумелс за кого ова беше деби настап по повеќе од два месеци откако пристигна. Германецот сопствената мрежа ја погоди само четири минути по влегувањето на местото на Паоло Дибала.
Претходно исклучување поради втор жолт картон заработи Марио Хермосо. Нема да биде изненадување ако по овој пораз Иван Јуриќ добие отказ на клупата на римскиот клуб.