Фиорентина двапати водеше, но загуби во ефикасен меч кај Аталанта! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Аталанта го доби дербио на четвртото коло против Фиорентина со 3-2 на својот „Гевис“ во Бергамо.

Во досега најефикасниот меч од четвртото коло славеше четата на Гасперини. Стрелците беа расположени само во првото полувреме, бидејќи сите пет гола паднаа до пред паузата.

Мартинез Кварта донесе предност за Фиорентина по 15 минути игра, а шест подоцна израмни Матео Ретеги. Одново „виола“ дојде до водство, овојпат преку Моис Кин. Сепак, со два гола за две минути во финишот на полувремето Аталанта направи предност.

Прво во 45 минута Шарл Де Кетеларе погоди за 2-2, а минуа подоцна му асистира на Адемола Лукман кој донесе водсво за тимо од Бергамо. Мрежите мируваа во второто полувреме и немаше резултатски промени, па Аталанта дојде до втора победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани