208
Европското првенство започнува денеска со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска, а во пресрет на првенството се прават разни најави и статистики. Така сега е пресметано од кои клубови доаѓаат најмногу фудбалери.
На врвот се финалистите од Лигата на шампионите од 2023 година, Интер и Манчестер Сити.
Со 12 фудбалери зад нив следува актуелниот европски шампион, а исто толку има и Пари Сен Жермен.
По еден помалку имаат Барселона и Лајпциг, додека со по 10 фудбалери има четири клуба: Леверкузен, Баерн, Арсенал и Славија Прага.