Репрезентативецот на Србија, Филип Костиќ се уште не се опоравил од повредата на колената која ја заработи на Европското првенство, меѓутоа изгледа дека и до крајот на преодниот рок ќе го напушти Јувентус.
Италијанските медиуми вечерва објавија информација дека интерес за Костиќ покажала екипата на Фиорентина која наводно ги започнала преговорите.
Според информациите „виолетовите“ испратиле понуда за позајмица на Костиќ до крајот на сезоната, но не се наведуваат детали околу потенцијалниот откуп на договорот.
Претходно како опција за 31-годишниот фудбалер на кого Тијаго Мота веќе не смета се споменуваа Кристал Палас и Ал Аин.
Ќе потсетиме, Јувентус со Фиорентина води преговори и за трансфер на Нико Гонзалес во спротивен трансфер за кого „старата дама“ би можела да плати 35 милиони евра.