Фиго со порака до фудбалерите: Ако играте помалку, ќе добивате и помалку пари

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите во јавноста во изминатиот период се почесто зборуваат дека играат премногу натпревари во сезоната и бараат промени.

Последни кои зборуваа на оваа тема беа Родри и Дани Карвахал кои најавија дури и штрајк, ако УЕФА и ФИФА не реагираат. Но, сега со спротивен став се огласи легендарниот Луис Фиго.

Португалската фудбалска легенда смета дека зголемувањето на бројот на натпревари едноставно морало да се случи поради зголемувањето на платите на фудбалерите.

„Тешко е да се зборува на оваа тема бидејќи е комплицирана. Фудбалерите имаат договор со субјкетот, а ние мораме да го најдеме најдоброто решение за сите страни. Логично е да се зголеми бројот на натпревари, тоа ефект на се што се случува и топката која тргна да се тркала и тешко може да се запре. Колку повеќе натпревари, толку поголеми договори можат да дадат клубовите.

Ако бројот на натпревари се намали тогаш и платите мора да бидат пониски. Затоа е потребно да се направи баланс, меѓутоа тој е тешко да се пронајде“, изјави Фиго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани