Фергусон го откри својот најлош трансфер во Јунајтед, играчот ретко кој го памети

by 24 фудбал
1 минути читање

Престојот на Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед е еден од најплодните во историјата на фудбалот. Славниот шкотски тренер со „црвените ѓаволи“ крена дури 38 трофеи, од кои 13 беа во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите.

Сепак, како и секој друг тренер Фергусон понекогаш знаеше да погреши со барање за одреден трансфер. Сега Шкотланѓанецот го откри неговото најголемо промашување како тренер на Манчестер Јунајтед. Иако многумина сметаа дека е име од крајот на неговата кариера на клупата, сепак станува збор за фудбалер од раните денови.

„Мојот најлош потпис во Јунајтед? Тоа беше Ралф Милне. Го платив 170.000 фунти, меѓутоа луѓето уште ме осудиваат поради тој трансфер“, изјави Фергусон.

Ралф Милне пристигна во клубот во 1998 година, во првата сезона постигна само три гола, а потоа една година подоцна беше отпуштен. Тој во 1991 година ја прекина кариерата и имаше огромни проблеми со алкохолизам.

Легендарниот Ферги спомена и уште еден трансфер, а тоа е Ерик Џемба-Џемба кој настапуваше уште за Данди, Чарлтон, Вест Хем и Синг Тао. Овој играч е веќе покоен, бидејќи во 2015 година почина по боледување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани