379
Дефанзивецот, Чаглар Сојунчу направи перманентен трансфер од Атлетико Мадрид во Фенербахче.
Сојунчу уште во јануари се пресели во Фенербахче, но тогаш за турскиот клуб играше како позајмен играч до крајот на сезоната.
Фенер успеа да се договори со Атлетико целосно да го откупи дефанзивецот.
Денеска треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот по што и официјално ќе биде објавен.
Сојунчу најголемата слава ја стекна играјќи за Лестер во Премиерлигата.