Во Турција се одигра спектакуларно дерби меѓу Трабзонспор и Фенербахче кое го добија гостите со 3-2 благодарение на гол на Амрабат во 102. минута од натпреварот.
Мечот изобилуваше со тензија и со спорни одлуки, па затоа и радоста на крајот кај Мурињо и сите во Фенербахче беше посебна.
Фенербахче поведе со гол на Фред во 42. минута, тоа беше и резултатот од првото полувреме, 1-0 за гостите.
Во вториот дел набрзина беа досудени два пенали за Трабзонспор, двата ги реализираше Банза и домаќините го свртеа резултатот и поведоа со 2-1.
Но, Фенер не се предаде. Џеко во 75. минута го изедначи резултатот на 2-2.
На пет минути до крајот играч на Трабзон играше со рака во својот шеснаесетник, но судијата не сакаше да погледне снимка. Тоа дополнително ги разгеви гостите.
Беше покажано продолжение од 12 минути поради многуте прекини, а во 102. минута Амрабат даде гол за победа на Фенер од 3-2.
Мурињо влезе во теренот за да го прослави погодокот, сакаше да се лизне на колена, не му успеа, па се валкаше на теренот, во прегратка прв му дојде Ливаковиќ, а потоа и останатите.
😂 José Mourinho's got to start working on his knee-slides… 😭 pic.twitter.com/KynhaVoz0J
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 3, 2024
Најинтересните моменти од натпреварот: