330
Жоао Феликс зборуваше за својата иднина, нејасно е Португалецот дали ќе продолжи во Барселона или ќе се врати во Атлетико Мадрид, а има опција да има и сосема трет клуб.
Барселона е немоќна да го откупи во целост Феликс, па опција за негово останување е нова позајмица или некаква размена со фудбалери.
„Јас сум на позајмица, не зависи од мене. Мојот план е јасен, ја сакам Барселона и сакам да останам“, вели Жоао Феликс на прашањето за неговата иднина.
„Зависи од неколку фактори, па ајде да видиме што ќе се случи“.