171
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) сака да го задржи Герет Саутгејт да биде селектор и на Светското првенство 2026 година.
Саутгејт трпеше критики се до полуфиналето кога Англија конечно заличе на тим и ја совлада Холандија со 2-1. Селекторот ја погоди замената, Оли Воткинс го даде победничкиот гол, па работите се свртеа.
Резултатите одат во прилог на Саутгејт, на последните натпреварувања Англија стигнува далеку иако засега не освојува. Ќе игра второ финале по ред на Европските првенства под негово водство.
ФА нема дилеми, резултатот од финалето нема ништо да промени, без разлика дали Англија ќе загуби или ќе победи, тие сакаат Саутгејт да остане селектор и во наредните две години.