Фановите на Хајдук го навредуваа Паришиќ: Ѓубре едно, оди си уште утре!

by riste
2 минути читање

Џенаро Гатузо вчера на прес-конференција откри дека Иван Перишиќ пред извесно време му соопштил дека сака да си оди од Хајдук, па затоа не бил во составот за последниот меч против Локомотив.

Гатузо го објасни изоставувањето на Перишиќ кое дојде како непријатно изненадување за навивачите на Хајдук.

„Пред 20 дена дојде во мојата канцеларија и ми рече дека сака да си оди. Ако некој не сака да остане, тогаш мора да ги почитувам другите во тимот, а во соблекувалната постојат правила кои мора да се почитуваат. Му дадов шанса да игра, 20 минути, 35 минути, 65 минути. Кога некој играч ќе изрази желба да си замине, тоа може да донесе погрешни размислувања. Ова не е затворена приказна. Тој уште е тука“, рече Гатузо.

По објаснувањето на Гатузо, тргнаа лавина навреди кон Иван Перишиќ од страна на навивачите на Хајдук. Тие се разочарани од него и му порачуваат дека треба уште утре ди си оди.

„Уште утре земи си ги документите и оди си. Немој да ја чекаш клаузулата, само замини и срам да ти е што дојде до го искористиш Хајдук. Еднаш веќе го направи тоа кога си замина, а сега ова… Срам да ти е. Не си ти поголем од клубот, затоа те молам уште рано изутрина земи си ги документите и оди. И немој веќе да го споменуваш Хајдук. Срам да ти е“, напиша еден навивач.

„Дали е можно нас да не искористи за само да се рехабилитираш и да заиграч на ЕП? Каде ти е образот?“, вели друг.

„Ѓубре едно, оди си од Хајдук. Земи го и овој кловн од тренер со себе. Ѓубре неблагодарно, треба на сите да ви ги искршиме нозете“.

„Ѓубре едно по*рано, оди си од Далмација, оди си од Хајдук“.

„Знаев дека си ѓубре, но толку големо… Тоа е страшно. Господ гледа се, а казната ја плаќаат невини. Среќен ти пат“.

„Мачкај палачинки со Далиќ. Секако дека само поради репрезентацијата дојде во Хајдук. Срам да ти е. Оди си од оваа светост“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани