Манчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е на клупата, тимот врза седум меча без победа, а од нив шест се порази. Денеска загубија и на Енфилд од Ливерпул со 2-0.
Да беше било кој друг тренер Манчестер Сити можеше да размислува на отказ, но Пеп Гвардиола има преголем багаж за да биде избркан.
Но, тоа не ги спречи фановите на Ливерпул во еден момент од мечот да му скандираат дека наутро ќе добие отказ.
Тој се сврте кон нив и им покажа шест прста, тоа е бројот колку што ја има освоено титулата во Премиерлигата со Манчестер Сити.
„Горд сум на моите шест титули во Премиерлигата“, рече Пеп по мечот.
„Не очекував од Енфилд дека ќе велат дека ќе добијам отказ наутро, но во ред, тоа е што е. Кога победувате, се смеете“.
“You’re getting sacked in the morning.” pic.twitter.com/fX9EPI2I1X
— EPL Bible (@EPLBible) December 1, 2024