184
Македонските фудбалери, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски веднаш станаа хит меѓу навивачите на Данди јунајтед.
Трапановски досега има постигнато три официјални голови, Бабунски два. Македонците брзо ги освоија шкотските навивачи, кои креираа и посебно знаме.
Знамето е македонското, но со боите на Данди јунајтед, портокалова и црна, во средина е и заштитниот знак на клубот.