182
Комо го потврди трансферот на шпанскиот бек, Алберто Морено кој потпиша на една година со можност за продолжување на уште една.
Фабрегас откако го однесе Комо во Серија А, сега ја користи својата големина за да креира колку што е можно посилен состав за најсилната италијанска лига.
Ново име е поранешниот играч на Севиља, Ливерпул и Виљареал, Алберто Морено.
„Комо со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Алберто Морено до јуни 2025 година со автоматско продолжување за уште една доколку се исполнат одредени услови“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.