Фабрегас во новиот калчолигаш се засилува со Србин од Премиер лигата и напаѓачот на Рома?

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот Комо кој по скоро две децении се врати во Серија А е заинтересиран за играчот на Фулам, Саша Лукиќ.

Тренерот на италијанскиот тим, Сеск Фабрегас го посоли српскиот играч за врска како една од најголемите желби во летниот преоден рок, пренесува „Скај“.

Исто така се пишува и дека Комо го поранешниот соиграч на Лукиќ од Торино, Андреа Белоти кој изминатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Фиорентина.

Ниту едниот, ниту другот не блескаа, Белоти ќе се врати во Рома, но во Рим за него нема место. Од друга страна Лукиќ во Фулам одигра само 13 натпревари во Премиер лигата.

Амбициозниот Комо сака да ја искористи моменталната ситуација и да ги доведе во своите редови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани