143
Манчестер јунајтед потврди дека Јоро три месеци ќе биде во аут поради повреда на стапалото, двојно помалку нема да можат да сметаат на Хојлунд поради повреда на тетивата.
Тимот на Тен Хаг имаше огромни проблеми со повреди минатата сезона, а во подготовките за новата почнаа истите маки.
Новото засилување, дефанзивецот Јоро има скршеница на стапалото поради која ќе паузира три месеци.
Хојлунд поради повреда на тетивата, во аут ќе биде во наредните шест недели.