Репрезентацијата на Шпанија остана без уште еден фудбалер за ноемвриските натпревари од Лигата на нациите.
Селекторот Луис Де Ла Фуенте се соочува со проблеми откако му откажа и Пау Торес. Стоперот на Астон Вила има повреда и поради претпазливост ќе остане во Англија и нема да патува на репрезентативниот собир.
„Пау Торес нема да патува со екипата на мечевите со Данска и Швајцарија. Играчот на Астон Вила во кампот стигна со нелагодности во низа на која се пожалил уште на мечот со Ливерпул. По тестовите, медицинскиот тест заклучи дека нема да биде подготвен за последните два натпревари годинава за да се избегне ризик“, напишаа од ФС на Шпанија.
Селекторот Луис Де Ла Фуенте остана на само три централни дефанзивци, а тоа се Лапорт, Паредес и Вивиан. Можеби тој ќе се реши да упати некој дополнителен повик пред патувањата.