167
Струмичкиот прволигаш Брера по промоцијата на Филип Антовски, се пофали со уште еден новајлија.
Нов фудбалер на струмичани е Димитар Тодоровски кој доаѓа од редовите на скопски Работнички. Младинскиот репрезентативец на Македонија игра на средината од теренот и има поофанзивни карактеристики.
Минатата сезона во ПМФЛ младиот фудбалер запиша 24 настапи, даде два гола и подели асистенција, но вреди да се напомене дека имаше и повреда која го оддалечи од терените.
Иако има само 22 години, тој веќе пет сезони настапува во нашата најсилна лига. Тодоровски во ПМФЛ вкупно има 130 натпревари во дресот на Работнички, девет гола и девет асистенции, а сега кариерата ја продолжува во Брера.