Уште една тренерска смена на Чаир: Мирков поднесе оставка

by Стефан
1 минути читање

Шкупи во денешниот натпревар од ПМФЛ претрпе пораз од Работнички со 2-1, а по овој натпревар оставка поднесе тренерот Матија Мирков.

Мирков на кормилото на Шкупи пристигна пред околу еден месец кога го наследи Ернест Ѓока, но не издржа долго.

„Сакам да се заблагодарам на моите исграчи и целиот персонал во клубот што ми дадоа доверба да работам со нив скоро четири години. Ова беше период полн со подеими и падови. За мене беше задоволство и секогаш давав 100% затоа што навистина уживав. Дојде време да ни се разделат патиштата и сакам да им посакам среќа на сите ов клубот и се најдобро во иднина. Чувајте ги главите момци, светла иднина е пред вас“, објави Мирков на социјалните мрежи.

Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Мирков, но ќе има тешка задача затоа што на Шкупи не му оди и по осум кола тимот е седми со само девет освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани