Церемонијата за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи вечерва, а од попладнево актуелна е веста дека делегацијата на Реал Мадрид нема да пристигне во главниот град на Франција.
Ваква одлука како што пренесуваат Шпанците донел Флорентино Перез откако Винисиус Жуниор останал без „Златната топка“ која според сегашната ситуација оди во рацете на Родри од Манчстер Сити.
Меѓутоа, шпански „АС“ објави и нова лоша вест за Реал Мадрид. Имено, како што пренесува „АС“, Карло Анчелоти нема да биде прогласен за тренер на годината и таа награда ќе заврши во рацете на шпанскиот селектор Де Ла Фуенте.
Де Ла Фуенте со Шпанија го освои Европското првенство, па во изборот веројатно повеќе се вреднувал тој триумф, отколку освоената Лига на шампиони на Карло Анчелоти со Реал Мадрид.
Делегацијата на „кралевите“ во Париз требаше да брои околу 50 члена, засега клубот официјално не се огласил. Церемонијата започнува во 20:45 часот.