236
Односите во фудбалската репрезентација на Србија не се добри, а тоа се виде на Европското првенство. Капитенот Душан Тадиќ се скара со селекторот Драган Стојковиќ Пикси откако не беше стартер, но за време на првенството работите се „испеглаа“.
Сепак, Тадиќ се повлече по првенството и веројатно нема да биде единствен. Претходно таква одлука поради Пикси донесе и Немања Радоњиќ, но сега се најавуваат уште две откажувања.
Фудбалерите од Италија и Шпанија, Филип Костиќ и Немања Гудељ размислуваат да не играат повеќе за репрезенатцијата на Србија. Засега нема официјална потврда, туку само најави во медиумите, но гледајќи ја ситуацијата сè е можно.