Уругвај со 1-0 го совлада САД и со максимални девет бода оди меѓу осумте најдобри на турнирот, таму ќе биде и Панама која со 3-1 беше подобра од Боливија.
Селекцијата на САД уште во минатото коло кога загуби од Панама беше на работ на амбисот, а сега само ги снема и теоретските шанси за пласман понатаму.
Уругвај со трет триумф во групната фаза го завери местото во четвртфиналето. Овојпат победата беше минимална од 1-0.
Стрелец на голот беше Оливера во 66. минута од натпреварот.
Место во нокаут фазата заработи и Панама која клучната победа ја оствари во минатото коло против САД, а денеска со триумф од 3-1 над Боливија само го завери билетот.
Фахардо во 22. минута донесе водство за Панама, Бруно Миранда во 69. го изедначи резултатот на 1-1.
Десет минути подоцна Гереро ја врати предноста на Панама, а Јанис во судиското продолжение ги постави конечните 3-1.