152
Фудбалерите на Тотнем одиграа нерешени 1-1 на гостувањето кај Лестер во првото коло од Премиер лигата.
На овој меч Анге Постекоглу имаше право да направи шест измени, наспроти стандардните пет. Причината за тоа беше употребата на новото и ретко правило, а тоа се однесува на повреди на главата. Таков беше случајот со повредата на Родриго Бентанкур, па тренерот доби една измена повеќе.
Во еден дуел Бентанкур доби удар глава во глава, а веднаш потоа многу незгодно падна. Сцената беше застрашувачка, околу десет минути му се укажуваше помош пред на носилки да биде изнесен од теренот.