УО покажува недоверба кон претседателот на ФФМ: Бара итна седница!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека членовите на Управниот одбор испратиле допис за свикување на идна седница.

Незадоволни од претседателот Муамед Сејдини, членовите на Управниот одбор го повикаа на итна седница. Доколку не одговорат од ФФМ на повикот, членовите имаат право седницата да ја закажат и одржат самостојно.

Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница.

Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно.

Јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања.“, стои во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани