Европското првенство во Германија започнува за три дена, а со првиот настап на турнирот еден од најдобрите во историјата, Кристијано Роналдо ќе постави нов рекорд – прв играч кој настапил на шест европски првенства.
Португалија на првенството е во група со Тунис, Чешка и Грузија, па така е голем фаворит за пласман во следната фаза.
Роналдо можеби во Катар немаше пријатни моменти во завршницата на настапот на Мундијалот и влезе во конфликт со селекторот Фернандо Сантош, но сега со Роберто Мартинез ситуацијата е поинаква.
Мартинез брзо го убеди Роналдо дека повторно ќе биде еден од клучните играчи во неговиот систем, а Португалецот со неговиот прв настап на овој турнир ќе постави уникатен рекорд.
Роналдо се очекува да биде на теренот на 18-ти јуни кога Португалија ќе го игра првиот натпревар од групата против Тунис.
„Секој фудбалер има свој животен и играчки стил. Во текот на кариерата научив многу и гледам како можам да сум продуктивен и да помогнам на соиграчите. Сакам да бидам пример, а тие да се добри професионалци.
За еден фудбалер адаптацијата е клучна, мора да има способност да се прилагодува на разни ситуации. Мене ми успеа и не е случајност што 20 години сум на највисоко тоа, за да постигнете такво нешто мора да работите напорно надвор од теренот“, изјави Роналдо.