Фудбалерите на Украина забележаа победа во натпреварот против Словачка (1-2) и по две кола останаа во живот во групата Е на Европското првенство.
Подобро во натпреварот на „Меркур Шпил-Арената“ влегоа Словаците и тоа го крунисаа со водечки погодок. Во 17 минута од натпреварот по аут од левата страна нафрли Хараслин, а Иван Шранц со глава му даде гол на голманот Трубин за 1-0. Иако имаше и други шанси во првиот дел немаше резултатски промени.
По паузата Украина заигра посериозен фудбал и тоа им донесе израмнување по само девет минути игра. Микола Шапаренко остана сам и по асистенција од Зинченко го матира Дубравка за 1-1.
Ребров ги погоди замените, искусниот Роман Јаремчук доби топка во шеснаесетникот во 80 минута, добро се снајде и стрела за пресврт кој до крајот Украинците го одбранија.