Украина го прогласи за предавник и му ги одзеде сите одличја, но спасот дојде од Лозана

by 24 фудбал
1 минути читање

Анатолиј Тимошчук за неколку години од статус на херој дојде до предавник во Украина.

Причината за такво нешто е фактот дека легендата на фудбалот во оваа земја по стартот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија остана на својата работна позиција во стручниот штаб на Зенит. Поради тоа стана многу непопуларен меѓу Украинците, дел од поранешните соиграчи дури и сериозно удрија со навреди по него.

Кулминацијата се случи во март 2022 година, кога претседателот Владимир Зеленски го стави Тимошчук на „предавничката листа“. Покрај тоа, тој беше еден од 34. Украинци на кои им беа одземени сите државни награди и спортски титули и одличја.

Тимошчук не го прифати тоа најдобро, па правда побара пред Судот за спортска арбитража (ЦАС). По одработувањето на случајот, од ЦАС потврдија дека жалбата е легитимна. Поништена е одлуката на Украинскиот фудбалски сојуз и претседателот, па сите титули му се вратени во резимето на Тимошчук.

Во кариерата како играч Анатолиј Тимошчук играше за Шахтјор, Зенит и Баерн Минхен. Со баварците освои две Бундеслиги и еден трофеј во Лигата на шампионите, а го освои и УЕФА Купот со рускиот клуб. Крајот на кариерата му беше во Зенит, каде што работи до денешен ден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани