УЕФА ја казни Рома со два милиони евра!

by riste
1 минути читање

Рома ќе мора да плати парична казна од дури два милиони евра поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј.

Контролното тело на УЕФА направи анализа на клубовите кои учествуваа во евро-куповите минатата сезона, а беа под условна казна за да не си дозволат ново прекршување на правилата за финансиски фер-плеј.

Покрај Рома, под закана беа и Милан, Интер, ПСЖ, Монако, Бешикташ, Трабзон и Антверпен, но овие клубови минаа без казни бидејќи не направиле дополнителен прекршок.

За разлика од нив, во случајот на Рома имало прекршување поради кој УЕФА изрече парична казна од два милиони евра, но немаше и суспензија.

Мали казни добија Астон Вила (60.000 евра) и Олимпик Марсеј (20.000 евра) поради задоцнето поднесување на документација за финансиско работење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани