Данскиот фудбалски сојуз ќе мора да плати казна од 10.000 евра поради транспарентот со спорен натпис на еден навивач во натпреварот против Англија.
На транспарентот кој го држеше навивачот стоеле „F*ck UEFA“, а Европската куќа на фудбалот во образложеинието наведе дека таквиот натпис не доликувал на еден спортски настан.
Претседателот на Данскиот фудбалски сојуз, Ерик Брогер Расмусен за националната телевизија ТВ 2 изјави дека сојузот веднаш ќе ја подмири казната. Притоа тој призна дека интезивно се води потрага по лицето кое го истакнало ваквиот транспарент.
„Се надеваме дека поетнеците кои имаат намера да прават проблеми следниот пат добро ќе размислат пред да се одлучат да ни наштетуваат на ваков начин“, изјави Расмусен.
Данска во групата има два бода со два нерешени резултати од натпреварите со Словенија и Англија.