191
Екипата на Барселона не може да продава влезници на своите навивачи за следниот гостински натпревар во Лигата на шампионите поради расистичкото однесување на навивачите против Монако.
Од Европската куќа на фудбалот потврдено дека Барселона ќе биде без своја поддршка при гостувањето на „Маракана“.
„Контролното, етичко и дисциплинско тело одложи да наложи извршување на дисцилинската мерка која ја изрече жалбеното тело на УЕФА со своја одлука на 17 aприл 2024 година. Поради расистичко однесување на навивачите на Барселона се забранува продажба на билети за следниот гостински натпревар“, стои во соопштението од УЕФА.
Исто така Барселона е казнета и со 10.000 евра. Барселона на Црвена Звезда ќе и гостува на 6 ноември.