УЕФА отвори истрага против Мората и Родри

by 24 фудбал
1 минути читање

Како што се очекуваше, Европската фудбалска федерација – УЕФА отвори постапка против шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри поради нивното однесување за време на славјето на трофејот од Европското првенство.

Капитенот на Шпанија и играчот на Манчестер Сити пред толпата во Мадрид почнаа песна „Гибралтар е шпански“, а тоа наиде на жестоки реакции во Англија. Шпанија има спор со Англичаните околу Гибралтар, па однесувањето на фудбалерите даде повод за УЕФА да се вмеша.

Бидејќи УЕФА има строга граница за да не се меша политиката во спортот, се очекува казна за двајцата фудбалери кои ги прекршија правилата.

Останува да се види каква ќе биде и дали воопшто ќе има санкција. Потенцијалната казна може да биде парична, но и суспензија за следните меѓународни предизвици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани