451
Дисциплинската комисија на УЕФА, отвори истрага против Албанија поради однесувањето на нивните навивачи.
Спорно е однесувањето на навивачите на Албанија пред, за време и по мечот против Италија кој се играше вчера, 15. јуни.
Албанците фрлаа разни предмети на теренот, употребуваа пиротехника, а во финишот од натпреварот еден од нив и влезе на теренот. Имаше и провокативни пораки кои исто така се предмет на постапката.
Засега е нејасно колку сериозна ќе биде казната за Албанија.
Денеска и покрај тоа што не играше нивната репрезентација, нивните навивачи повторно правеа проблеми, имаа судири со српски навивачи и провоцираа со албански знамиња.