Oд Европската куќа на фудбалот ги соопштија казните за натпреварот помеѓу Романија и Косово која заврши со службена победа на домаќините од 3:0.
Косовските фудбалери поради скандирање од трибините на неколку минути пред крајот го напуштија натпреварот, а сега стигнаа казните од УЕФА.
Покрај службениот пораз, Косово ќе мора да плати и парична казна од 6.000 евра за недолично однесување. Казна заработи и селекцијата на Романија која ќе треба да плати 30.000 евра поради пораки кои не се соодветни за спортски настани.
Покрај тоа тука се уште: Казна за фрлање предмети на теренот (9.000 евра), употребна на пиротехнички средства (4.500), употреба на лансерски покажувач од навивачите (8.000 евра) и казна за предизвикување бунт при интонирање на национална химна (12.500).