Данска и Словенија имаа неверојатно израмнета статистика, ист број на бодови, дадени и примени голови, фудбалерите нивни добија и ист број на жолти картони, па се чинеше дека пласманот во квалификациите е причината за распределбата на позициите.
Сепак не е така, Словенија има еден жолт картон повеќе од Данска на Европското првенство. А тоа е жолт картон кој никој не го броеше вчера.
Жолтиот картон го има добиено асистентот селекторот Кек, Миливоје Новаковиќ. И поради тоа Словенците имаа седум жолти картони, а Данците шест. Тоа е причината зашто Словенија заврши на третото место.
УЕФА дури еден ден по натпреварот ја објави причината, доколку соопштеше веднаш по натпреварот, ќе ги скратеше сите дилеми и пресметки кои се правеа.