Eвропската куќа на фудбалот, УЕФА два дена по полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите во кој Реал Мадрид го победи Баерн со 2:1 и така со вкупни 4:3 обезбеди пласман во финалето го истакна потегот на Лука Модриќ.
Лука Модриќ веќе има 38 години, но тоа не го спречува и понатаму да игра на високо ниво. Така сега од УЕФА го издвоија неговиот спринт во 85. минута со кој можеби го спаси Реал Мадрид.
Конрад Лаимер испрати топка за Александар Павловиќ кој можеше да излезе сам пред голманот Лунин, но тогаш се појави Модриќ и од зад грб во последен момент го пресече додадавањето.
„Модриќ, изведува корнер, трча назад и го враќа поседот“, стои во описот на видеото од УЕФА.
На овој натпревар Модриќ не беше во стартниот состав, туку тренерот Карло Анчелоти го внесе во игра во 69. минута на местото на Тони Крос.