132
Откако во текот на вчерашниот ден беа познати судиите за првите две четвртфиналиња на Европското првенство, сега УЕФА ги потврди арбитрите и за саботните пресметки.
Ентони Тејлор ќе го суди дербито в петок меѓу Шпанија и Португалија, а Мајкл Оливер беше одбран за дуелот на Португалија и Франција.
Сега меѓу делегираните судии се најде и искусниот Даниеле Орсато кому му е доверен натпреварот на Англија и Швајцарија. Од друга страна, на центарот меѓу Холандија и Турција ќе застане Клемен Турпан.