77
Интер го плати цехот за победата над Рома (0-1) и тоа со две повреди кои ќе земат данок во следните предизвици.
Шампионот на Италија ќе биде без две имиња за натпреварите против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, а потоа и во дербито на „Џузепе Меаца“ против лутиот ривал Интер.
Се работи за еден од носителите на играта Хакан Чалханоглу и искусниот стопер Франческо Ачерби. Двајцата заработија повреди против Рома, а со сигурност нема да настапат во Берн во среда.
Сепак, поголема е главоболката на Симоне Инзаги за „Дерби Италија“ во недела, бидејќи огромни се шансите дуото да не се врати на време за мечот со Јувентус во Серија А.