Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Алваро Мората, официјално се сели во редовите на Милан.
„Росонерите“ платија 13 милиони евра за откупната клаузула на Атлетико Мадрид, а со тимот од Италија потпиша договор до 2028, со опција за продолжување на соработката на уште една година. Во Милан, Мората го доби дресот со број седум кој во минатата сезона беше во сопственост на Јасин Адли.
Шпанецот при доаѓањето ја праша управата дали може да ја добие седмицата, а Адли кој е многу присебно и дарежливо момче без проблем прифати. На тој гест Мората му одговори со уште еден убав потег, па преку социјалните мрежи му се заблагодари:
„Јасин, не се познаваме сè уште, но ти направи голем гест кон мене. Ти благодарам од срце. Се гледаме набргу“, напиша Мората.
На тоа веднаш дојде и одговор од страна на Јасин Адли, кој му посака добредојде на шпанскиот напаѓач: „Ти посакувам да дадеш многу голови во овој дрес. Напред Милан“.