Баер Леверкузен им нуди на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи во знак на сеќавање на фантастичната сезона и освоената титула во Бундеслигата.
Но, избраниците на Анчелоти имаат шанса и за тројна круна бидејќи во финалето од Купот на Германија играат против Кајзерслаутен, додека во финалето од Лига Европа ги чека италијанска Аталанта. Со оглед на резултатите и играта во изминатата сезона, Леверкузен е фаворит и во двете финалиња.
Во овој момент тимот е во низа од 49 натпревари без пораз во сите натпреварувања со што го надминаа европскиот рекорд кој го држеше Бенфика. Португалскиот тим не изгуби натпревар 48 средби во период од 1963. до 1965. година.
„Посебна акција за крај на една специјална сезона. Баер им нуди на навивачите до крајот на сезоната бесплатно да си избират една од бројните тетоважи. Резервирајте го вашиот термин и овековечете ја оваа историска сезона“, стои во соопштението од германскиот тим.