Фудбалерите на Ипсвич се радуваа на гостувањето кај Тотнем (1-2) во 11. коло на Премиер лигата. Аутсајдерот од Лондон го приреди најголемото изненадување во оваа рунда на англиската елита.
Овој натпревар го одбележа првиот погодок кој го постигна Семи Смодич. Ирскиот фудбалер дочека топка во шеснаесетникот и со ножички ја испрати во мрежата на домашните (0-1) во 31 минута. Во продолжението Лиам Делап зголеми на 0-2, а потоа Тотнем се наметна. Имаа „петлите“ поништен гол преку Соланке, пред Родриго Бентанкур да намали на 1-2. Притиснаа домашните до крајот, меѓутоа немаа сили за израмнување.
Манчестер јунајтед сигурно слави на последниот меч пред доаѓањето на Рубен Аморим, на домашен терен против Лестер Сити (3-0). Во првиот дел погоди Бруно Фернандеш, а потоа автогол си даде Кристиансен. Во продолжението Гарначо го постави конечниот резултат.
Њукасл Јунајтед со пресврт се радува на гостувањето кај Нотингем Форест (1-3). Поведоа „шумарите“ преку Муриљо во првиот дел, а потоа Исак, Жоелинтон и Барнс донесоа пресврт и три бода.