362
И покрај тоа што се пишуваше дека Томас Тухел најверојатно ќе остане тренер на Баерн Минхен, сепак тоа нема да се случи, тој потврди дека имало разговори, но не паднал договор.
Денешната редовна прес-конференција е и последна за Тухел како тренер на Баерн Минхен, тој заминува од клубот по последното коло во Бундеслигата.
„Ова е моја последна прес-конференција како тренер на Баерн“, рече Тухел.
„Имаше разговори, но не постигнавме договор, па одлуката од февруари останува“.
Тоа значи дека Баерн Минхен ќе ја продолжи потрагата по нов тренер, а Тухел во следната сезона ќе води друг клуб.