Турците со еден потег ги разбезнеа Германците

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Турција со победата над Чешка (1-2) преку второто место си обезбеди осминафинале на Европското првенство.

Во нокаут рундата Турците ќе се судрат со Австрија, а пред дуелот направија еден потег кој ги налути Германците. Имено, иако требаше да патуваат само 132 километри од Хановер до Хамбург, решија тоа да го направат со авионски лет.

Германија е лута, организаторот вели дека тоа е неодговорно и нееколошко однесување, особено бидејќи се работи за дистанца која возејќи се минува за нешто повеќе од еден час.

УЕФА актуелното ЕУРО го промовираше како еколошки најодржливо првенство во историјата. Властите задолжени за заштита на околината и природата веднаш го осудија однесувањето на Турската фудбалска федерација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани