Турците се свртеа против Монтела поради еден негов потег кон Ѓулер за време на тренинг (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Селекторот на турската репрезентација, Винченцо Мотела е мета на критики од Турците поради тоа што му го зема маркерот на Арда Ѓулер и го испрати сам да тренира.

На социјалните мрежи се појави снимка во која се гледа дека Монтела му го зема маркерот за тренинг на Ѓулер и ги праќа сам да тренира. Комуникацијата меѓу двајцата не беше срдечна, а фудбалерот остана во чудење.

Таквата ситуација предизвика лавина од критики кон Монтела од страна на турската јавност, па се огласи фудбалската федерација од оваа земја за да ја смири состојбата.

„Пред тренингот, постоеше договор меѓу нашиот стручен штаб и Арда Ѓулер да тренира индивидуално поради повред на препоните. Тренингот кој се гледа на снимката не беше планиран за Арда и нашиот репрезентативец е насочен да тренира само поради претпазливост“, се вели меѓудругото во соопштението на Турската фудбалска федерација.

Монтела на мечот со Португалија го стави Ѓулер во игра во последните 20 минути, а по натпреварот изјави дека фудбалерот бил физички исцпрен од првиот меч и му е потребен одмор за да ја врати максималната кондиција.

Во продолжението од првенството ќе се види дали Монтела со право го штеди Ѓулер или има нешто меѓу нив двајца.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани