Мерих Демирал доби два меча суспензија поради политичкиот гест кој го направи на мечот против Австрија, соопштија германските медиуми, но од Турската фудбалска федерација велат дека тоа не е точно.
Турците тврдат дека не е вистина тоа што го напиша „Билд“. Според нив УЕФА уште не ја завршила истрагата, а Турската фудбалска федерација до утрово треба да ги изнесе своите аргументи против евентуалната казна.
Демирал се радуваше правејќи го контроверзниот „волчји поздрав“ кој е имбол на турските десничкарски есктремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот па се до Кина.
„На симболите на турските десничарски екстремисти не им е место на нашите стадиони“, рече германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фаесер.
Се верува дека информацијата на „Билд“ за суспензија на Демирал е точна. УЕФА нема да дозволи политичкиот симбол кој крена толку прав, да помине неказнето.