„Три минути бев мртов на теренот“ – српскиот фудбалер откри детали за моментот поради кој ја заврши кариерата

by Стефан
1 минути читање

Српскиот фудбалер, Драгиша Гудељ зборувааше за детали од вториот срцев удар кој му се случи минатата година поради кој и ја заврши кариерата.

Гудељ се онесвести во декември 2023 година за време на натпреварот за Кордоба од втората шпанска лига.
Тој призна дека во тие моменти не бил свесен и докторите му кажале што се случувало.

„Три минути немав пулс. За мене било како секунда, кога се разбудив прашав што се случило. Мислев дека некј ме удрил, но ми кажаа дека седум минути сум бил без свест, а три минути со кардиореспираторен арест“, откри Гудељ.

Поради здравствените проблеми тој одлучи да ја заврши кариерата во јули оваа година на 26 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани