Tренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ го привлекол вниманието на три клубови од англиската Премиер лига кои сакаат да го видат на своите клупи.
Како што пренесува „Билд“ три клуба од англискиот фудбал се заинтересирани да го доведат 41-годишниот стратег. Наводно Терзиќ го сакаат: Тотнем Њукасл и Вест Хем.
Teрзиќ веќе работеше во Англија и тоа како помошник на Славен Билиќ, токму во Вест Хем од 2015 до 2017 година.
Вест Хем во последниот период се поврзуваше со Лопетеги, додека Анге Постекоглу не ги освои срцата на навивачите на Тотнем, а ниту позицијата на Еди Хау во Њукасл не е најсигурна.
Од друга страна Терзиќ засега не размислува премногу за иднината, но негова желба е да работи во Борусија.
„Додека Борусија ме сака, јас ќе бидам тренер на овој клуб“, изјави тој претходната сезона.
Ќе потсетиме, Терзиќ ја одведе Борусија до финалето во Лигата на шампионите каде што на почетокот на јуни ќе ги одмерат силите со Реал Мадрид.