136
Јамал Мусиала е мета на најголемите клубови во светот кои чекаат да видат дали тој ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен.
Актуелниот договор на Мусиала со Баерн Минхен е со трајност до јуни 2026 година. Баварците се оптимисти дека ќе успеат да го продолжат договорот со германскиот репрезентативец, но тоа уште не неизвесно.
Доколку не успеат да договорат продолжување, ќе бидат приморани да го продадат следното лето со цел тој да не замине како слободен играч во 2026 година.
Заинтересирани за Мусиала се Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити. Овие гиганти будно ја следат ситуацијата и се подготвени да реагираат конкретно ако Баерн не успее да договори нов договор со својот фудбалер.