215
Денешната победа на Германија над Унгарија од 2-0, значи и дека договорот на селекторот Јулијан Нагелсман автоматски е продолжен до Светското првенство 2026 година.
Германската фудбалска федерација и Нагелсман претходно си имаа подадено рака за продолжување на договорот заклучно со СП 2026, но имаше клаузула која го правеше договорот валиден.
Клаузулата гласеше дека договорот ќе стане валиден ако Германија се пласира во нокаут фазата од Европското првенство.
Тоа се случи денеска, со триумфот над Унгарија, Германците и официјално се во осминафиналето, а со тоа е продолжен и договорот на Нагелсман.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА