86
Киеран Трипие на 33-годишна возраст се реши дека му е време да ја заврши репрезентативната кариера.
Бекот на Европското првенство го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Англија и сега се повлекува и заминува во пензија. Трипие беше дел од тимот во Германија, забележа шест настапи, но не играше во финалето против Шпанците.
Дебито за Англија му беше во 2017 година против Франција. Оттогаш до денес Киеран Трипие запиша 54 настапи за селекцијата на „трите лава“.