Трипие беше обвинет дека користи допинг за време на мечот со Србија, но познато е што доби од лекарите (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Една ситуација од натпреварот меѓу Англија и Србија (1-0) предизвика бурни реакции. Станува збор за видео од бекот Киеран Трипие, кој за време на еден прекин доби непознат објект од докторите кој го искористи за време на престојот надвор од теренот.

Првичниот агол изгледа како Трипие да се боцка непознат шприц. Тоа предизвика сериозни реакции, голем број навивачи го обвинија дека користи допинг и тоа јавно.

Сепак, фотографија од друг агол открива дека Трипие не користи никаков шприц, напротив доби нешто налик на енергетски гел кој спортистите го користат. Англиските медиуми пишуваат дека се работи за течност од кисели краставици и некаква киселина, која како мешавина дава таканаречена „бензинска бомба“, легален стимуланс за енергија кој го користат спортистите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани